Болна исповед на Ибрахимовиќ: Секој ден земав лекови против болки

од Vladimir Zorba
288 прегледи

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ вели дека пред половина година поминал „Танталови маки“ поради повредаta.

Милан го освои Скудетото со победата над Сасуоло минатиот викенд, Ибрахимовиќ беше тука да помогне, но не можеше да игра со полн капацитет поради повреди.

Сепак, тој придонесе за својот тим со осум гола и три асистенции на 23 одиграни натпревари во италијанското првенство.

Сега отиде на операција на коленото, која требаше да ја направи во текот на сезоната, но не сакаше да го остави тимот на цедило.

„Последниве шест месеци играв без вкрстени лигаменти на левото колено, кое беше отечено. Во последната половина година можев да тренирам со тимот само десет пати, а за тоа време добив повеќе од 20 инјекции. Eднаш неделно го празнев коленото во тие шест месеци. Секој ден пиев лекови против болки и едвај можев да спијам, никогаш не сум страдал толку многу на теренот и надвор од него, направив нешто невозможно – можно. Имав само една цел на ум, да ги доведам соиграчите и тренерите до титулата шампион Италија, затоа што им дадов ветување Денеска имам нови лигаменти на коленото и уште еден трофеј“, напиша Ибрахимовиќ.

Милан по цели 11 години го однесе трофејот, 19-ти во историјата на клубот, а Ибра се уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата.

Потсетуваме, пред крајот на сезоната се шпекулираше дека ќе се пензионира доколку „росонерите“ успеат да триумфираат во шампионатот.

Слични содржини