Фудбалерите на Реал Мадрид беа поразени од Ливерпул во 5. коло од Лигата на шампионите и моментално ја заземаат 24. позиција на уникатната табела во елитното европско натпреварување, но тоа не е нешто што најмногу треба да го загрижува тренерот Карло Анчелоти.
Главниот проблем на актуелниот европски шампион оваа сезона лежи во тоа што неговите играчи се повредуваат како на лента, а последен се повреди Едуардо Камавинга, кој мораше да биде заменет по неполн час игра на „Енфилд“.
Засега не е позната вистинската природа на неговата повреда, што ќе се знае по денешните детални лекарски прегледи во Мадрид, но медиумите во Шпанија тврдат дека ситуацијата е алармантна.
❗️Breaking: Camavinga is injured. Hamstring problem. Tests will be done soon.
— @COPE pic.twitter.com/3Hkds6ENK1
— Madrid Universal (@MadridUniversal) November 27, 2024
Доколку тие тврдења се покажат како точни, Французинот ќе го додаде своето име на долгата листа на играчи кои не можат да му се стават на располагање на тренерот Анчелоти поради повреда.
Дани Карвахал и Един Милитао се надвор од терените до крајот на сезоната, Винисиус Јуниор, Родриго и Аурелиен Чуамени се исто така аут, додека Давид Алаба закрепнува.