Свен-Горан Ериксон, поранешен тренер, се бори со терминален рак на панкреасот, кој му беше дијагностициран во јануари. И самиот во своите јавни настапи призна дека не му останува уште многу време за живот, а сега испрати и своевидна проштална порака.
Во документарецот на „Prime Video“, Ериксон открива како се справува со моментот во кој живее, со оглед на тоа дека му останува најмногу уште една година живот.
„Имав добар живот. Мислам дека сите сè уште се плашиме од денот на сопствената смрт, но тоа е исто така дел од животот. Треба да научите да го прифатите тоа. Се надевам дека на крајот луѓето ќе речат – да, тој беше добар човек. Но, се разбира дека нема сите да го кажат тоа“, рече Ериксон.
Тој рече дека се надева дека ќе остане запаметен како позитивен човек кој се трудел да направи се што е можно.
„Не жали, насмевни се. Ви благодарам за сè. На сите тренери, на сите играчи, на сите навивачи. Беше фантастично. Грижете се за себе и својот живот. И живејте го. Збогум”, рече Ериксон.
“It’s cancer I have, but don’t be sorry… smile and remember the good times”
The official trailer of 𝐒𝐯𝐞𝐧, a new documentary on the extraordinary life of Sven-Goran Eriksson, coming soon to Prime Video. pic.twitter.com/qbU9lyLzoQ
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) March 14, 2024
Оваа емотивна порака од поранешниот тренер е врв на документарниот филм направен од Prime Video, кој е преглед на животот и кариерата на Ериксон што го однесе низ целиот свет.
Во документарецот Ериксон отворено зборува за својот приватен живот, но и за неговиот професионален живот и заклучува: „Мојот живот беше како бајка. Тоа не беше нормален живот“.
Ериксон ја започна својата тренерска кариера во далечната 1977 година во шведскиот Дегерфорс, а на врвот на кариерата успешно ги водеше Гетеборг, Рома, Бенфика и Лацио со кои освои осум трофеи, вклучувајќи ја и шампионската титула по 26 години чекање, а навивачите на римскиот клуб со право ги сметаат за своја легенда.
Исто така, тој беше првиот странец на клупата на фудбалската репрезентација на Англија, која ја водеше до три последователни четврт-финалиња на Светското првенство во 2002 година, Евро 2004 и Светското првенство во 2006 година.
Кога ја презеде Англија, „Гордиот Албион“ беше на 17. место на рангирањето на ФИФА, а го остави на четвртото место.