Болница во САД одби да трансплантира срце на пациент бидејќи не е вакциниран

од Nikola Popovski
328 прегледи

Американска болница во Бостон одби да пресади срце на пациент затоа што не бил вакциниран против Ковид-19.

На 31-годишниот Диџеј Фергусон му треба ново срце, но болницата во Бостон го отстрани од списокот, изјави неговиот татко Дејвид Фергусон.

Тој додаде дека вакцината против Ковид-19 е „спротивна на нејзините основни принципи“ и дека неговиот син не верува во неа. Од болницата соопштиле дека таква е политиката.

„Со оглед на недостигот на достапни органи, правиме сè што можеме за да се осигураме дека пациентот на кој му е трансплантиран орган има најголеми шанси за преживување“, изјавија од болницата за Би-Би-Си.

Портпаролот на болницата рече дека болницата бара „пациентот да се вакцинира против КОВИД-19 и да води живот на начин, со што ќе има најдобри шанси за успешна операција“.

Во соопштението од здравствената установа се вели дека освен невакцинирањето, имало и други причини поради кои пациентот бил одбиен, но одбиле да дадат детали бидејќи сакале да ја заштитат приватноста на пациентот.

Болницата додаде дека повеќето од 100.000 луѓе кои чекаат трансплантација на органи нема да добијат орган во рок од пет години поради недостаток на достапни органи.

Слични содржини