144
Тиаго Мота ќе биде новиот тренер на Болоња. Тој ќе го замени Синиша Михајловиќ, кој беше ослободен по лошиот старт на сезоната. Тимот од „Ренато Дал’Ара“ има само 3 бода по првите 5 кола во Серија „А“ и се уште не го почуствувал вкусот на победата.
Договорот на Мота ќе биде на 2 години. Бразилецот со италијански пасош денеска официјално ќе потпише, а неговата годишна плата ќе биде 1 милион евра. Сигурно нема да го води тимот против Фиорентина викендов. За оваа задача ќе бидат задолжени Лука Виџани и Паоло Мањани.
Тиаго Мота веќе има искуство во Серија „А“ како тренер на Џенова и Специја. Тој беше на чело на тимот само 10 натпревари во 2019 година, но целата минатата сезона ја мина во Специја и го спаси тимот од испаѓање.