Болсонаро би можел да заврши на операција

од Stefanija Kuzmanovska
328 прегледи

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е префрлен во Сао Паоло каде ќе биде прегледан поради проблеми со цревата, а може да биде подложен и на итна операција, објави претседателскиот кабинет.

За неговите здравствени проблеми се верува дека се поврзани со инцидентот од септември 2018 година, кога тој беше прободен во стомакот за време на кампањата и речиси почина, објави „Хина“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Потоа беше подложен на операција на стомакот.

Во средата наутро, Болсонаро најпрво заврши во воена болница во Бразил поради икање, која го мачи од забната имплантација на 3 јули.

Минатата недела, тој изјави за една локална радиостаница дека икал 24 часа на ден.

Слични содржини