Болсонаро побегна на Флорида

од Stefanija Kuzmanovska
208 прегледи

Откако поддржувачите на Жаир Болсонаро упаднаа во државните институции на Бразил, топката е на теренот на САД, каде поранешниот бразилски претседател отпатува два дена пред истекот на мандатот на 1 јануари.

Десничарскиот претседател кој се обиде да добие втор мандат на 30 октомври беше поразен од левичарот Луис Инасио Лула да Силва, а Болсонаро отпатува за Флорида и на тој начин го избегна предавањето на власта.

Во Бразил зад себе остави насилно движење на поддржувачи кои не веруваат во изборните резултати.

Во неделата, само два дена по годишнината од слични настани во Вашингтон, кога приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Конгресот, тие упаднаа во претседателската палата, Конгресот и Врховниот суд во Бразилија.

Слични содржини