Болт остана без 12 милиони долари поради измама

од Nikola Popovski
92 прегледи

Најдобриот спринтер на сите времиња, Јусеин Болт, загуби околу 12 милиони долари кои ги вложи во јамајканската компанија Stocks and Securities Limited.

Јамајканските медиуми јавуваат дека Усеин Болт пред 12 години инвестирал околу десет милиони долари во фирмата.

Сепак, се покажало дека станува збор за погрешна инвестиција бидејќи предметната компанија неколку години беше под истрага на финансиските власти, а на крајот пропадна откако измами бројни инвеститори. Вкупната сума на измама е повеќе од 1,2 милијарди долари!

Усеин Болт тврди дека на сметката имал околу 12 милиони долари, но потоа цифрата паднала на само 12.000 долари, без да плати или извади пари од сметката.

„Тој е многу разочаран и фрустриран. Шокиран е што неговата земја, која ја стави на мапата на светот, дозволува вакво нешто – вложил пари што не може да ги врати“, изјавил адвокатот на Болт, Линтон Гордон за „Јамајка Глинер“.

Слични содржини