Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Усаин Болт потпишал договор со фудбалски тим. Сензационалната вест беше откриена од самиот јамајкански атлетичар во неговиот профил на Твитер, а Болт ветува да даде повеќе детали околу „трансферот“ во фудбалот во вторник во 09:00 часот по македонско време.
Усаин Болт никогаш не ја криел неговата желба да стане фудбалер. Спринтерот е голем фан на Манчестер Јунајтед, а неодамна беше поврзан и со тимот на Борусија Дортмунд заради заедничкиот спонзор за опрема кој го користат со Германците – „Пума“.
Веројатноста дека Болт потпиша договор со еден од овие два тима е прилично мала.
I've signed for a football team! Find out which one this Tuesday at 8am GMT ? pic.twitter.com/iFTlWxfy7x
— Usain St. Leo Bolt (@usainbolt) February 25, 2018