Повеќекратниот олимписки шампион и рекордер во спринт атлетика, Усеин Болт, денес, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, изјави дека е возбуден што може да го претстави Експо 2027, кој ќе се одржи во Србија, на светот. Болт нагласи дека е почестен што е поканет да биде амбасадор на Експото.
„По разговорот што го имав со претседателот (Вучиќ) малку претходно, разговаравме за проширувањето на сето ова и начинот на кој Србија ќе продолжи да се развива. И меѓу другото, Белград на вода, разговаравме за тој прекрасен дел од овој град и ми е мило што ќе бидам дел од тоа и што ќе ги запознаам поголем број луѓе со убавините на Србија“, изјави Болт пред новинарите во Палатата на Србија.
Болт рече дека ја познава Србија многу години, дека има добри пријатели и дека Србија има одлични играчи.
Фото: Фејсбук/ Aleksandar Vučić