Болтон: САД нема да се мешаат во расправата меѓу Србија и Косово, но можни се територијални корекции

од desk2
82 прегледи

САД нема да се вклучат во расправа околу идејата за размена на територии меѓу Србија и Косов, изјави во Киев, Џон Болтон, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Но, постојат нови знаци дека двете влади многу тивко, можеби, сакаат да преговараат за тоа. Американската политика е да, ако двете страни можат меѓусебно да се договорат и да постигнат спогодба, ние не ги исклучуваме територијалните корекции. Навистина не е наше да кажеме.

Додаде дека Вашинготн нема да се меша “ и не мислам дека некој во европа тоа ќе го спречува ако двете страни во спорот постигнат взаемно задоволително решение“.

Болтон рече дека САД се подготвени да помогнат.

„Не мислими неи место нив да го решиме прашањето, тоа мора да го направат сами“.

Според него, спорот меѓу Косово и Србија е најважен на Балканот.

„Многумина се обидоа да посредуваат во негово решение, но тие напори пропаднаа“.

Според него многу е важно конечно да се воспостави стабилност на Балканот.

„Од распадот на Југославија постојат многу долготрајни тензии и ризици Но, неодамна остварен е напредок, рече Болтон, укажувајќи на договорот меѓу СКопје и Атина, за името на Македонија.