Ако еден Скандинавец не може, друг може – Ерлинг Халанд остана пуста желба на Жоан Лапорта, но Александар Исак може да биде реалност!
Новинарот Хозе Алварез доцна синоќа објави ексклузивна изјава дека Швеѓанецот е избран за потенцијално најзвучно засилување за летото 2025 година.
Иако Роберт Левандовски игра како во своите најдобри денови, а тоа го потврдува и неговиот учинок од 31 гол во сите натпреварувања, јасно е дека од летото, кога ќе наполни 37 години, нема да може да игра 50+ натпревари во исто темпо.
Барселона е свесна дека Левандовски има потреба од „засилување“ и помлад наследник и тоа е идеална можност да дојде малку порано, една година пред истекот на договорот на Полјакот во летото 2026 година.
Хозе Алварез тврди дека „сите во Барселона се заљубени во идејата Исак да биде дел од тимот на Флик“. Од раководството со Жоан Лапорта, преку спортскиот сектор со директорот Деко, до Ханси Флик и целиот тим.
Не треба да заборавиме дека Барселона ги реши финансиските проблеми и конечно од летото може да работи нормално. Жоан Лапорта сака бомбастично засилување за да го прослави отворањето на новиот стадион „Камп Ноу“, кој до лето ќе биде реновиран и подготвен за првиот тим.
Секако, за очекување е први да си заминат некои играчи кои ќе го ослободат буџетот за плати и ќе ја наполнат барем малку касата, а тоа секако ќе бидат Андреас Кристенсен, Ансу Фати и потенцијално Френки де Јонг.
Исак дефинитивно е совршена опција за Барса, има 25 години, 11 години помлад од Левандовски и може да одбележи ера на реновираниот Камп Ноу.
Покрај тоа, ја познава Ла Лига, беше одличен во дресот на Реал Сосиедад од кој летото 2022 година замина во Њукасл за 60 милиони евра.
За Њукасл на 95 натпревари постигна 54 гола и запиша девет асистенции, а моментално е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
На Барса сигурно нема да и биде лесно да го доведе, бидејќи веќе некое време е познато дека Арсенал и Ливерпул го бркаат, но Швеѓанецот наводно повеќе сака да оди во Шпанија кога ќе го напушти Њукасл.