Бомба од Шпанија: Реал Мадрид го сака Душан Влаховиќ – Чаби Алонсо го планира како прв напаѓач!

од Марта Пешевска
84 прегледи

Реал Мадрид планира големи промени во својот состав, а новиот стратег Чаби Алонсо веќе ја составува листата на играчи кои би можеле да донесат свежина и квалитет во тимот. Едно од имињата што најмногу се споменува е српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Според шпанската емисија Еl Chiringuito de Jugones, која често открива ексклузивни информации поврзани со големите клубови, Влаховиќ е еден од фудбалерите што предизвикале сериозен интерес кај „кралскиот клуб“. Иако моментално е дел од Јувентус, Реал Мадрид би можел да биде следната дестинација за овој перспективен српски голгетер.

Чаби Алонсо, кој на големо најавува трансформација на тимот, сака во нападот да има класичен шпиц, а Влаховиќ се чини дека е идеален профил за таа улога. Финансиски, ова не претставува пречка за Реал – клубот е подготвен да вложи значителни средства за да ја засили офанзивната линија.

Ваквата информација дополнително добива тежина имајќи го предвид угледот на „El Chiringuito de Jugones“ во шпанската спортска јавност, познати по своите откритија поврзани со трансферите и внатрешните случувања во големите клубови, особено Реал Мадрид и Барселона.

Останува да видиме дали Душан Влаховиќ ќе го облече белиот дрес и ќе стане дел од новата ера на „Сантијаго Бернабеу“, предводена од Чаби Алонсо.

Слични содржини