263
Аеродромот во Минск на кратко го одложил летот на авионот на компанијата „Луфтханза“ за Франкфурт по анонимна дојава дека во авионот има бомба.
Аеродромските службеници добиле анонимен меил со предупредување за можен терористички напад.
BREAKING: Luthansa Flight LH1487 prevented from taking off from Minsk in Belarus due to a reported bomb threat.
— Conflict News (@Conflicts) May 24, 2021
Еден час подоцна, аеродромот преку својот профил на Телеграм соопшти дека се преземени сите мерки, дека се проверени патниците, багажот и авионот и дека не е пронајдена бомба.
Летот LH1487 потоа бил подготвен за полетување, а аеродромот работи нормално.