Бомба во Премиер лигата: Ѕвезда на Сити се сели во Челзи, се чека официјална потврда

од Nikola Popovski
255 прегледи

Англискиот репрезентативец и крилен напаѓач Рахим Стерлинг од Манчестер Сити ќе се пресели во Челзи.

Информацијата на Твитер ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо кој објави дека Стерлинг и Челзи ги договориле деталите од договорот.

Стерлинг ќе биде еден од најплатените играчи на сините, а тимот од Лондон за него ќе плати 45 милиони фунти, што е околу 53 милиони евра.

Сити го донесе Стерлинг од Ливерпул во 2015 година за 49 милиони фунти. За „граѓаните“ одигра 339 натпревари и постигна 131 гол. Тој 77 пати го носеше дресот на репрезентацијата на Англија.

Причината за промената на тимот е тоа што Стерлинг не е задоволен од статусот во Сити, како и минутажата која ја добиваше минатата година.

 

Слични содржини