(ВИДЕО) Напад врз зградата на авганистанскиот парламент во Кабул

од desk3
86 прегледи

 

Силна експлозија денеска го потресе парламентот во авганистанскиот главен град Кабул за време на седница, по што следела пукотница во која се повредени 18 цивили, изјави портпаролот на министерството за здравство Мохамад Исмаил Кахуси.

afghan-parliament-attack_650x400_71434956897

Државната телевизија ги емитуваше во живо случувањата од пред зградата на парламентот во западниот дел на Кабул, кога се случила експлозијата и пратениците почнале на брзина да ја напуштаат зградата, пренесува Танјуг.

– Тоа беше силна експлозија од која се искршија прозорците на зградата. Ние сега сме на сигурно, потврди пратеникот Шукри Барекзаи.

Според друг пратеник експлозијата се случила кратко по пристигнувањето на Масун Станекзаи, кој е потврдено дека е нов министер за одбрана.

1000

Портпаролот на министерството за внатрешни работи Седик Седики изјави дека нападот почнал во автомобил бомба, кој експлодирал во близина на влезот на зградата, по што вооружени напаѓачи се обиделе да извршат упад, но биле потиснати од безбедносните сили во објект во изградба во близина на парламентот.

Полицијата го опколи местото во кое се засолниле напаѓачите.

Шестмината талибанци  се убиени, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во координиран напад, талибанците прво предизвикале експлозија на автомобил-бомба, пред зградата на Парламентот, а потоа насила, пукајќи од огнено оружје, влегле во зградата.
Во моментот на нападот, во Парламентот се одржувала седница на која требаше да биде потврден изборот на новиот министер за одбрана Масум Станекзаи.
На нападот, реагирале авганистанските сили за безбедност, обезбедувањето на парламентарната зграда и полицијата, по што се развила силна вооружена пресметка.
Полицијата соопштува дека најмалку 18 лица се повредени во текот на борбите.
Веднаш по првата експлозија, пред зградата на Парламентот, пратениците почнале да бегаат, напуштајќи ја салата во која заседавале и зградата.
Според извештаите на локалните медиуми, извесно време од зградата на Парламентот не се слушаат пукотници, но јавуваат дека на друг крај од Кабул дошло до друга експлозија.
Во соопштение што талибанците им го испратиле на медиумите во Кабул  се вели дека нападот е намерно изведен денеска претпладне, за да се совпадне со гласањето за избор на нов министер за одбрана.
Авганистан веќе подолго време нема министер за одбрана, па набљудувачите во авганистанскиот главен град проценувааат дека денешниот координиран напад е порака до владата во Кабул.

/МИА