Бомгартнер: Никој не може да им наметне на С.Македонија и Бугарија да усвојат нешто што нема да им одговара

од Vladimir Zorba
348 прегледи

„Никој не ќе може да им наметне на двете земји да усвојат нешто што нема да им одговара и што ќе бара поместување од црвените линии. Во рамки на тие параметри треба да се напредува, да се изнајде решение, а откако ќе се постигне тоа, ќе треба да се договориме за Преговарачката рамка, која ќе овозможи отворање на преговорите за членство, без одолговлекување, вели францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер, во интервју во емисијата „360 степени“.

„Се наоѓаме во процес кој е исклучително дипломатски, тоа за Северна Македонија значи почитување на црвените линии кои се јасно утврдени од властите во земјата. Сè додека остануваме во овие параметри, мислам дека во очите на другите држави членки на Европската Унија и ЕУ-институциите ќе нема никакви потешкотии за да се усвои тоа што било договорено во тие рамки. Она што треба да го имаме на ум е поврзано со ефикасноста, а не со комуникацијата“,смета Бомгартнер.

Слични содржини