На средбата која се одржа во Париз помеѓу државниот секретар за европски прашања во МЕНР на Франција, Бон, вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ, министерот за надворешни работи, Османи се продолжија разговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија.
Франција не подржува во преговорите со Р. Бугарија и ќе ни биде на располлагање за надминување на потешкотиите. Според Бон она што е од особена важност е да се надмине етапата за отварање на дискусии за преговарачката рамка бидејќи е важно за стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан и на Европската Унија.
– Бев информиран и ги поздравувам динамиката на разговори во последните недели што двете Влади и во С. Македонија и во Бугарија ја имаат. Во улогата што ја имаме како претседателство со ЕУ и членки на ЕУ Ве охрабруваме во овие дискусии и ќе бидеме на располагање целосно достапни да го поддржиме, помогнеме или да го олесниме процесот. Верувам дека постои добра волја, во дискусиите меѓу Софија и Скопје, но и во Европската Унија. Се надевам дека во наредните недели, во наредните месеци ќе можеме да ја надминеме оваа етапа за отворање на дискусиите околу преговарачката рамка што беше предложена пред неколку месеци, бидејќи е многу важно за стабилноста и просперитетот на регионот на Западен Балкан и на Европската Унија, воопшто. Значи, ние сме посветени, оптимисти и претпазливи бидејќи дискусиите сеуште траат, изјави државниот секретар за европски прашања во МЕНР на Франција, Бон.
Секретарот најави дека во јуни ќе се организира Конференција за Западен Балкан со иницијатива за еколошките транзиции и инвестиции и други значајни области за подобрување на регионалната слика.
Што се однесува до Франција, како што рече претседателот Макрон, ние во јуни ќе организираме посебна Конференција за Западен Балкан која ќе има поинаква, но со позитивни иницијативи во однос на еколошките транзиции и инвестиции и во многу други конкретни области за да се подобри целосната слика на регионот. Во ваков дух поминаа дискусиите во Париз, додаде секретарот за европски прашања во МЕНР.