После денешната пресуда со која се ослободи од обвинението за патните трошоци, поранешната пратеничка Силвана Бонева се огласи на социјалните мрежи. Според нејзините зборови, „успеала да докаже дека Oбвинителството како докази против мене имаше подметнато туѓи фискални сметки од други лица, прикажувајќи ги како да се мои“.
-Го побив обвинението дека не сум патувала на седници од Струмица за Скопје и докажав дека патував додека бев пратеник во тој период, a Собранието ми исплатило патни трошоци согласно закон, исто како и на другите пратеници. Дополнително, преку фотографиите постирани на фејсбук и сведоците, докажав дека не само што сум патувала на седници, туку и дека скоро на секои 2 дена во тој период патував на свој трошок на средби со граѓани низ целата држава, иако за такви активности Собранието не исплаќаше патни трошоци.
Се потврди дека прогонот на СЈО беше чиста политичка пресметка, a обвинението против мене целосно неосновано и политички мотивирано, напиша Бонева на социјалните мрежи по ослободнителната пресуда за случајот „Друмарина“.
Бонева е поранешна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.