Бонева: Сопругот доби на лото, со дел од парите купивме стан во Скопје

од Берта Китинска
484 прегледи

Некогашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева за Фокус , тврди  дека станот во Скопје на синот не бил купен од пари од нејзините патни трошоци ниту пак со криминални пари.

Бонева информира дека станот чинел 97.200 евра, а е платен со парите од премијата на лото која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко.

Која е сумата што сопругот ја добил на лото во 2013 година, Бонева не ја открива.

– Во изјавата пред судот има што сме купиле со добиените пари, а и документите за износот на добивката се таму. Право на секој добитник на лото е дали ќе сака да ја сподели во јавност сумата што ја добил. Мојот сопруг не сака тоа да го споделува со јавноста – вели Бонева.

Таа вели дека и во ВМРО и СДСМ знале за добивката, но додава таа, Антикорупциска во 2014 година преку УЈП шест месеци водела постапка за испитување на нејзиниот и имотот на блиските. Постапката е затворена дека нема основ.

Бонева додека беше пратеничка беше обвинувана дека заем највисок износ на патни трошоци.Во септември 2020 година против Силвана Бонева беше поднесен обвинителен акт, во врска со фискалните сметки кои ги приложувала за надомест на патни трошоци. Се работи за периодот од 2011 до 2015 година, кога Бонева беше пратеник во Собранието.

Бонева деновиве во неколку наврати на својот фејзбук профил споделува делови од нејзините изјави дадени на суд.

Слични содржини