62
Поранешниот играч на Јувентус, Леонардо Бонучи го сподели своето мислење за иднината на Федерико Киеза во клубот од Торино.
„Мислам дека Киеза треба да открие што сака. Имаше физички и психички потешкотии во последните години и сега треба да направи чекор напред за да стане врвен играч. Се надевам дека ќе остане во Јувентус“, изјави Бонучи, цитиран од Sky Sport Italia.
Во сезоната 2023/24, Киеза одигра 37 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и 2 асистенции. Играчот од средниот ред играше и за италијанската репрезентација на ЕП 2024, но не реализираше погодок на 4 натпревари.