Бонучи: Оливер има среќа што веќе не сум во Јуве

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Дефанзивецот на Милан, Леонардо Бонучи призна дека речиси сигурно немаше да ги воздржал емоциите и ќе го нападнел судијата Мајкл Оливер, ако се уште бил во редовите на Јувентус.

Како што е познато, англискиот арбитер досуди контроверзен пенал за Реал Мадрид во последните секунди на реваншот со „бјанконерите“ минатата недела, кога натпреварот беше на чекор од продолженија.

Јуве одигра феноменален натпревар и сензационално водеше со три чисти гола среде „Сантијаго Бернабеу“, кога Оливер досуди еден од најконтроверзните пенали за последните години и како капак го избрка голманот на Италијанците – Џанлуиџи Буфон.

„Кога тој свирна пенал, си реков: „Среќа не сум таму“. Си помислив, бидејќи можеби немаше да успеам да се воздржам, немаше да задржам контрола. Џиџи Буфон е најголемиот голман во историјата на фудбалот“, додаде дефанзивецот за Премиум Спорт.

Слични содржини