Бонучи откри зошто се израдува по голот против Јуве

од Vladimir Zorba

Капитенот на Милан, Леонардо Бонкучи, открил зошто бурно ја изразил радоста по голот против Јувентус во 30-тото коло од Серија А.

Поранешниот дефанзивец на „бјанконерите“ го израмни резултатот во средината на првото полувреме, но и покрај тоа, шампионите победија во големиот натпревар во Торино со 3:1.

„Сигурно беше емоционален натпревар за мене. Очекував пречекот да е подобар, но навивачите одлучија да ме исвиркуваат и навредуваат, што е нивно право. Во овие 7 години дадов многу на Јуве и одиграв повеќе натпревари од секој друг. Немав намера да ја изразам радоста ако постигнам гол, но навредите од трибините ме натераа да размислам. Се пошегував со еден од поранешните соиграчи, бидејќи им попречив да го подобрат рекордот од 979 минути без примен гол, а тогаш и јас бев во составот“, изјави Бонучи.

Слични содржини