Државните службеници во германската сојузна покраина Долна Саксонија треба да добијат по 3.000 евра како компензација за инфлацијата. Ова неделава едногласно го одлучи покраинскиот парламент, пишуваат германските медиуми.
Овој чекор, според Министерството за финансии, бил неопходен за да се префрли делот од колективниот договор од декември минатата година, освен на вработените од колективниот договор, на државните службеници и на корисниците на пензија.
Надоместокот ќе се плаќа на рати
Од исплата на компензација се очекува да имаат корист околу 230.000 луѓе. Според Министерството, обештетувањето ќе се плаќа на рати.
Како што неодамна напиша германската агенција за печат (dpa), повеќе од три четвртини или 77,9 отсто од работниците во Германија добиле еднократен бонус за инфлација од октомври 2022 година или ќе го добијат до крајот на годината.
Просечниот износ на премијата е 2.761 евро, но очигледни се разликите меѓу бонусите на вработените во зависност од секторот во кој работат.
Најмал бонус добија градежниците, во просек 1.104 евра, а вработените во земјоделството, шумарството и рибарството 1.689 евра.
Најдобро оминаа вработените во јавната администрација со просечни по 3.000 евра и наставниците.
Исплата до крајот на годината
Нешто помал бонус добија уметниците, вработените во забавата и рекреацијата, водоснабдување, одводнување и депонирање на отпад.
Имено, од бонусите најмногу корист имаа работниците во индустријата, водоводот, канализацијата и отпадот, кои ги добија околу 96 отсто од вработените во овие сектори.
Германската влада одобри исплати на бонус до 3.000 евра за да го ублажи влијанието на енергетската криза и инфлацијата.
Во зависност од колективниот договор, парите може да се платат одеднаш или на рати. Работодавците не треба да плаќаат данок за овој надоместок.
Работодавачите имаат право да ја исплатат премијата за инфлација до крајот на оваа година.