Борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со Коцевски на чело на Обвинителството, вели премиерот

Институциите вели тој, постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но, нагласува обвинителството не презема ништо.

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител.

Институциите вели тој, постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но, нагласува обвинителството не презема ништо.

-Институциите преземаат мерки, доставуваат пријави, но треба обвинителството да преземе. Тоа е суштината. Не можете вие со ова обвинителство, со овој обвинител да очекувате резултати во борбата против корупцијата и криминалот. Можа да ги набројам можеби 100, 200 пријави од страна на институциите кои се доставени до обвинителството, таму нема никаков резултат така што треба обвинителството да преземе, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали не е време институциите да преземат мерки со оглед на тоа што Државниот завод за ревизија постојано објавува извешаи за криминали и недоследности.