Борбата против нелегалната миграција во фокусот на средбата меѓу Спасовски и амбасадорката Тејада

од Aleksandar Petrovski
367 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорката на Швајцарската конфедерација Сибил Сутер Тејада. На средбата беа потврдени пријателските односи и довербата помеѓу двете држави, како и поддршката од Швајцарската конфедерација во изминатиов период, во голем број области од взаемен интерес, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Двајцата соговорници, како што стои во соопштението, разговараа за тековните проекти кои се дел од соработката од областа на безбедноста, како и за можностите за продлабочување на меѓусебната соработка, особено во полето на борбата против нелегалната миграција, преку потпишување билатерален договор за партнерство.