Борбени воздухоплови на НАТО ќе летаат над Скопје

од Берта Китинска
458 прегледи

Денеска на скопскиот аеродром и во воздушниот простор над главниот град ќе се организира активност со цел да се демонстрира начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Република Северна Македонија.

За време на оваа активност граѓаните ќе можат да се запознаат и да сведочат на начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање како и да се запознае со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високи гости од Собранието и Владата, командантот на НАТО центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон – генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Слични содржини