Нови борби во Дијарбекир, Турција, зедоа четири жртви. По големиот напад во Анкара армијата и полицијата ја засилија блокадата на градот.
Власта во Турција ги обвинуваат курдските сепаратисти од ПКК за нападот. Претседателот на Турција побара пратениците од прокурдската Демократска партија на народите да бидат третирани како терористи.
Курдите ја обвинуваат владата дека ги користи терористичките напади како изговор за да ги нападне. Активностите на властите минуваат во услови на медиумско затемнување. Од летото наваму во судирите загинаа стотици војници и курдските милитанти, како и над 300 цивили.
