(ВИДЕО) Борби меѓу војската и полицијата во Истанбул и Анкара, се употребува тешко вооружување и авијација

од desk3
96 прегледи

 

Сите летови од меѓународниот аеродром “Ататурк” во Истанбул се откажани, пренесува Reuters. Турски воени сили најавија доцна вечерва дека ја преземат власта во земјата, за да ги заштитат демократскиот поредок и да ги гарантираат правата на човекот.

Image_5649661_126

Британски новинари во Истанбул известуваат за судири меѓу војската и полицијата, пишува весникот The Telegraph. На Твитер се појавија видеа од борбите во Анкара каде се употребуваат тешки оружја.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган не е во опасност, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на информации од телевизискиот канал CNN Turk.

Каде точно се наоѓа турскиот премиер во моментот, не е познато.