148
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, утринава изјави дека Белград и Приштина се „на работ на нова криза“ и порача дека е неопходно да се излезе од кризната логика и да се свртат кон барање решенија.
Борел, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, потсети дека на 11 ноември се сретнал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти во Париз и изјавил дека таму „беше презентиран предлог за кој треба да се разговара како добар начин за излез од оваа ситуација“.
Борел ги повика двете страни да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат договорите потпишани пред неколку години.