203
Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, предложи да се додадат уште 3,5 милијарди евра во фондот кој се користи за финансирање на воената помош за Украина, соопштија извори од ЕУ.
Изворите, кои сакаа да останат анонимни, истакнаа дека Борел побарал од владите на ЕУ да обезбедат повеќе пари за Европскиот мировен фонд (ЕПФ), објави вчера „Ројтерс“.
Споменатиот фонд веќе додели околу 4,6 милијарди евра воена помош за Украина.