Борел: Дипломатијата е начин да се смират тензиите со Иран

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе го посети Иран на 24 и 25 јуни, како дел од тековните напори за враќање на Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA) во целосна имплементација, соопшти ЕУ.

Високиот претставник, како координатор на JCPOA, ќе има состаноци со министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и други релевантни ирански колеги, се вели во соопштението на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), предводена од шефот на европската дипломатија Борел.

„Патувам во Техеран, како координатор на JCPOA, за да се сретнам со мојот колега Абдолахиан и други релевантни ирански власти. Дипломатијата е единствениот начин да се вратиме на целосна имплементација на договорот и да ги смириме постоечките тензии“, рече Борел.

Слични содржини