Борел: ЕУ и Иран ќе продолжат да работат на нуклеарниот договор

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека ЕУ и Иран ќе продолжат да работат на обновување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и дека Иран треба да престане да ги поддржува руските воени напори.

„Беше нагласена потребата веднаш да се прекине воената поддршка за Русија и внатрешната репресија во Иран. Се согласуваме дека комуникацијата мора да биде отворена и се надеваме дека ќе го обновиме нуклеарниот договор врз основа на преговорите во Виена“, рече Борел во пресрет на втората Багдадска конференција за соработка и партнерство на Мртвото море која се одржува во Јордан, пренесува „Ројтерс“.

Борел додаде дека е неопходна средба со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан во Јордан поради влошувањето на односите меѓу Иран и ЕУ.

Слични содржини