Борел: ЕУ конечно е енергетски независна од Русија

од Radmila Tasevska
106 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во интервју објавено денес за шпанскиот весник „Ел Диарио“ изјави дека ЕУ конечно стана енергетски независна од Русија.

„За само неколку месеци се ослободивме од енергетската зависност од Русија што ја градевме со години“, рекол Борел, пренесува ТАСС.

Коментирајќи го поскапувањето на енергенсите, Борел изјави дека тензичната ситуација на пазарот веќе не може да се поврзува со војната во Украина, туку дека тоа е „структурен проблем“ на корелацијата на цените на гасот и електричната енергија.

Слични содржини