Европската унија се надева дека на следниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ ќе биде воведен шестиот пакет санкции против Русија, изјави шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел.
Следните состаноци на Советот за надворешни работи на ЕУ се закажани за 10 и 16 мај, објави „Ројтерс“.
Говорејќи на прес-конференција во Панама Сити, каде што беше во официјална посета, Борел рече дека ЕУ се надева дека ќе го ограничи рускиот извоз на енергија како дел од напорите за санкционирање на Москва поради воената операција во Украина.