Борел го охрабрил Заев да продолжи да ја исполнува реформската агенда за ЕУ

од Vladimir Zorba

Кабинетот на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, по видео средбата со премиерот Зоран Заев, порача дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и ја охрабри Владата за реформските напори, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска остваруваат низа виртуелни средби со ЕУ челниците.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, како што се наведува во соопштението од неговиот Кабиент, му честитал на Заев за неговиот реизбор и ја охрабрил неговата Влада да продолжи да ја исполнува реформската агенда за ЕУ.

– Тој исто така повторни дека ЕУ останува посветена да и помогне на Северна Македонија во справувањето со пандемијата на коронавирусот и нејзините последици, информираа од Кабинетот на Борел.

Оттаму, во тој контекст, потсетуваат на Економскиот и инвестициски пан за долгорочно закрепнување на економијата на регионот.

Шефот на дипломатијата на ЕУ го поздравил и фактот што Северна Македонија се усогласува сѐ повеќе со позициите на Унијата во делот на надворешната политика.

loading...

Слични содржини