17
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел денеска го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село Џит на Западниот Брег и најави дека планира да предложи санкции на ЕУ против оние кои ги овозможуваат акциите на насилните доселеници, вклучително и некои членови на израелската влада.
„Ги осудуваме нападите на доселениците во Џит, кои имаат за цел да ги тероризираат палестинските цивили“, рече Борел на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека „од ден на ден, речиси целосно неказнето, израелските доселеници поттикнуваат насилство на окупираниот Западен Брег, придонесувајќи за загрозување на секоја шанса за мир“.