103
Европската унија треба да обезбеди Украина да има доволно муниција за да ја продолжи својата борба против руската инвазија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел.
Тој во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, рече дека тоа е најитното прашање, пренесува „Ројтерс“.
„Ако не успееме во тоа, исходот од војната е во опасност“, посочи Борел.