276
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жосеп Борел, синоќа ја поздрави одлуката на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да распореди уште 700 војници на Косово.
„Ќе продолжиме со блиската координација и соработка со мисијата на НАТО КФОР, вклучително и преку нашата мисија ЕУЛЕКС“, напиша Борел на Твитер и порача дека мирот мора да се врати.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно во вторникот изјави дека Алијансата ќе испрати дополнителни 700 војници на Косово и дека уште еден баталјон ќе биде ставен во состојба на готовност.