144
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во Брисел, по средбата со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, изјави дека Кина има „морална обврска“ да придонесе за мирот во Украина.
„Кина не смее да биде на страната на агресорот“, рече Борел, пренесува „Ројтерс“.
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг денеска изјави дека нејзината земја не учествува во конфликтот во Украина, пренесува ТАСС.