213
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека Косово треба без одлагање да ги спроведе одредбите од Бриселскиот договор за формирање Заедница на српски општини.
„Формирањето на Заедницата на српските општини беше договорено од двете страни, Косово и Србија, со Бриселскиот договор во 2013 година. Договорот беше ратификуван од косовскиот парламент и Косово треба да ја исполни својата законска обврска и да ја спроведе без одлагање“, рече Борел во писмен одговор на прашање од член на Европскиот парламент.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност потсети дека двете страни мора да ги исполнат сите меѓународно-правни обврски и да ги спроведат преостанатите договори.