Борел: Мора да се гарантираат правата и безбедноста на цивилите во Казахстан

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска изјави дека правата и безбедноста на цивилите во Казахстан мора да се гарантираат.

„ЕУ е подготвена да даде поддршка за решавање на оваа криза“, рече Борел, цитиран од Ројтерс.

Тој изрази голема загриженост за ситуацијата во Казахстан, наведувајќи дека руската воена интервенција во Казахстан ги вратила сеќавањата на ситуации кои треба да се избегнуваат.

Претходно денеска, авион на руските воздушни и вселенски сили и транспортна авијација испрати припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).

„Руските воени единици на Воздухопловните сили се приклучија на колективните мировни сили на ОДКБ“, се наведува во соопштението на Секретаријатот на таа организација, јави Танјуг.

Членки на ОДКБ се Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, а Србија и Авганистан имаат статус на набљудувач.

Слични содржини