Борел: Наивно е да се бара од Украина да ги прекине воените дејствија за побрзо да заврши војната

од Radmila Tasevska
106 прегледи

Наивно е да се бара од Украина да ги прекине воените дејствија за побрзо да заврши војната, изјави денеска пред Европскиот парламент високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Велам „наивно“ да не користам посилен збор, објасни тој.

„Ако ја прекинеме воената поддршка за Украина, нема да има мир и Русија ќе победи. Ова ќе биде екстремна закана за нашата безбедност. За да постигнеме мир, мораме уште повеќе воено да ја поддржуваме Украина“, инсистира Борел.

„Војната ќе се решава во пролетните и летните месеци. Направивме многу за Украина – досега ЕУ и земјите од унијата обезбедија воена помош за Украина за 200 милијарди евра, но тоа не е доволно. Мора да ги зголемиме дипломатските напори. Ќе ги повикам ОН да преземат посредничка улога, досега сите не успеаја во обидот да разговараат со (рускиот претседател Владимир) Путин. Путин ја загуби енергетската битка и ќе ја загуби и моралната и дипломатската битка“, истакна високиот претставник.

„Мора да направиме се што е можно за да го исполниме европското ветување кон Украина. Сакаме Украина да ја добие војната, нејзиното место е во европското семејство“, резимира Борел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, најави дека комисијата ќе предложи следните санкции против Москва да влијаат на трговскиот промет од 11 милијарди евра. Според неа, санкции се предвидени и против оние кои се поврзани со Корпусот на гардата на Исламската револуција поради беспилотните летала што Техеран и ги обезбеди на Москва и се користат против Украинците.

Од почетокот на војната, економската, хуманитарната и воената помош од ЕУ за Украина достигна 67 милијарди евра, истакна Фон дер Лејен. Путин сакаше да го убие украинскиот европски сон, но денес тој е забрзан. Путин ја загуби енергетската војна што сам ја започна, неговиот обид да не уценува пропадна, изјави претседателот на Евокомисијата.

Слични содржини