Борел: Најавеното намалување на германската помош за Украина е лоша вест

од Milan1
20 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел од Сантандер, на северот на Шпанија порача дека најавеното намалување на германската помош за Украина е „многу загрижувачко“ и претставува „лоша вест“, пренесе француски „Монд“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во вторникот изјави дека ништо не може да влијае на тоа Германија да ги прекрши своите ветувања за поддршката на Украина и изрази изненадување од извештаите во германските медиуми дека Берлин има намера да ја намали воената помош за Киев.

Тој потврди дека германската Влада планира следната година да одвои четири милијарди евра за воена поддршка на Украина и посочи дека оваа сума е поголема од издвојувањето на која било друга европска земја, пренесоа украинските медиуми.

Слични содржини