Европската унија работи на нови санкции против Русија поради војната во Украина, чија цел ќе биде московската нафтена индустрија, неколку руски банки и одговорните за ширење дезинформации, изјави Жозеп Борел, висок дипломат од блокот, пренесува денеска Ројтерс.
„Работиме на шестиот пакет санкции, кој има за цел да десфитува уште повеќе банки, да ги казни актерите на дезинформации и да се справи со увозот на нафта“, напиша Борел на Твитер.
Russia’s unprovoked war against Ukraine affects global security.
We are working on the 6th package of sanctions which aims to de-swift more banks, list disinformation actors and tackle oil imports.
These measures will be presented to the Council for approval.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) May 3, 2022
Борел додаде дека предлозите на Комисијата ќе бидат претставени на одобрување до 27-те земји-членки на блокот.
Официјални лица рекоа дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се очекува да ги открие предложените санкции во среда и дека тие ќе вклучуваат забрана за увоз на руска нафта до крајот на оваа година.