Борел не е во позиција да вети, затоа што одлуката ја носат земјитечленки. Борел не може да зборува во име на националните влади и министрите за надворешни работи на тие земји, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со вчерашната изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозев Борел кој рече дека не може да даде ветување за датум за влез на земјата во ЕУ.
– Неговото доаѓање даде на знаење на сите дека ова е пред се безбедносно прашање на Унијата и видов кај него вонредна желба ова побрзо да се заврши свесен за влошувањето на динамиките во ЕУ, изјави Османи.