Борел: Не можам да присуствувам на дебатите во ЕП неделава поради здравствен проблем

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска соопшти дека не можел да присуствува на дебатите во Европскиот парламент оваа недела поради „помал здравствен проблем“ и најави дека наскоро ќе се врати на своите обврски.

„За жал, морав да ги прескокнам овонеделните дебати во Европскиот парламент поради помал здравствен проблем, а лекарите ме советуваа да ги одложам јавните настани за неколку дена“, напиша Борел на мрежата X.

Тој додаде дека со нетрпение очекува наскоро да се врати на својот целосен распоред.

Пленарната седница на Европскиот парламент започна на 26 февруари, а ќе трае до утре.

Слични содржини