Борел: Очекуваме одговор од Белград и Приштина на предлогот на Германија и Франција

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел денеска изјави дека во следните неколку дена се очекува одговор од Белград и Приштина на германско-францускиот предлог за нормализација на односите меѓу двете страни.

„Во следните денови ќе видиме каков ќе биде одговорот на овој предлог. Се надевам дека тоа ќе овозможи напредок и чекор напред во процесот“, изјави Борел во Минхен, каде што учествува на состанокот на Г7.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика вели дека е неопходно „да се надмине наследството од минатото“ и да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина и дека токму тоа треба да го овозможи дијалогот.

Слични содржини