Борел: Помагајќи ѝ на Украина, ЕУ ги исцрпи своите воени резерви

од Stefanija Kuzmanovska
239 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, денеска предупреди дека Европската унија со снабдувањето на Украина со оружје ги исцрпила нејзините воени резерви.

„Оваа војна беше и повик за будење за сите нас во однос на нашите воени способности. Ѝ дававме оружје на Украина, а потоа сфативме дека нашите воени резерви се исцрпени“, напиша Борел на својот неделен блог, пренесе ТАСС.

Во меѓувреме, Борел на својот Твитер профил истакна дека податоците на Агенцијата за одбрана на ЕУ (ЕДА) потврдуваат дека „Европејците трошат повеќе за одбрана“.

Слични содржини