Борел: Посебна благодарност до Вучиќ, договорот за лични карти е во интерес на сите граѓани

од Берта Китинска
148 прегледи

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борел, вечерва изјави дека му е драго што е најдено решение под покровителство на ЕУ, кое, како што наведе, „го олеснува патувањето меѓу Косово и Србија, што е во интерес на сите граѓани на Косово и Србија”, со посебна благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Посебно сум му благодарен на претседателот Вучиќ, кој покажа голема одговорност. Претходните денови беа пример за одлична практична соработка меѓу ЕУ и САД, затоа сакам да им се заблагодарам на американските партнери за помошта во дијалогот. Благодарам и до Мирослав Лајчак за добро завршената работа“, рече Борељ во видео-адресата на Твитер.

Слични содржини